Македонија може да смета на поддршката на четирите земји-членки на Вишеградската група на нејзиниот пат кон членство во Европската унија. Овој став го изнесоа членките на Вишеградската група (Полска, Чешка, Словачка и Унгарија) на денешното примопредавање на претседателствувањето од Словачка на Чешка, која ја презема улогата од 1 јули.
Според амбасадорите на земјите-членки на Вишеградската група почетокот на преговорите е неопходен, бидејќи реформите во оваа фаза можат да се спроведат само низ процесот на пристапување во ЕУ.
Основни приоритети на делувањето на Вишеградската група под чешкото претседателство ќе бидат разумни решенија, усогласување на пристапот, револуционерни технологии, регионална соработка, миграциската политика…