УТРЕ ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ АНАЛИЗА НА ЉУПЧО КОЦАРЕВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАНУ

Во својот текст, академик Коцарев прави генерална анализа на геополитичкиот поредок денес и меѓусебните односи на суперсилите, како и на положбата и позициите на Македонија. Притоа тој нагласува дека лидерите на Македонија конечно и еднаш засекогаш треба во одлуките што ги носат да им даваат јасна предност на аспирациите на македонскиот народ пред желбите на моќните суперсили.
За жал, и по триесет години, Македонија не успеа да изгради центри за стратегиски истражувања во геополитиката ниту дипломатска академија, што ја остава без автентична надворешна политика и компетентна дипломатија, пишува академик Коцарев