Кандидатот за бугарски министер за надворешни работи порачува
14 декември е нереално краток рок за постигнување договор помеѓу Бугарија и Македонија, за кој се очекува да биде донесена одлуката за усвојување на преговарачката рамка и закажување на првата меѓувладина конференција, истакна кандидатот за министер за надворешни работи на Бугарија Даниел Лорер од победничката партија на тамошните избори „Продолжуваме со промените“.
Тој најави отворање на понатамошни дискусии за економскиот напредок меѓу Бугарија и Македонија, додека разговорите за историјата ќе се одвиваат паралелно. А Лорер се осврна и на работата на Мешовитатата историска комисија.
– Досега сметаме дека работата на Историската комисија не нуди напредок. Двете страни се чувствуваат незадоволни од тоа што се случува и треба да најдеме нова формула. Нејзината функција треба да биде поддржувачка, но не и единствена во овој процес – порача Лорер.