Правниот тим на Левица, до архивата на Управниот суд утрово поднесе ги поднесе сите тужби против ДИК за изборни нерегуларности, преку кои, како што смеатаат од партијата, украдени им се тројца пратеници.
– Сакаме да ја известиме јавноста дека образложенијата на побиваните решенија на ДИК се изработени на „темплејт“, т.е. однапред подготвен шаблон за одбивање, без навлегување во спецификите на секој поединечен случај, што е недозволиво за една државна институција. Истите се штури и банални и изобилуваат со цитирање на неповрзани членови од Изборниот законик, без воопшто да се впушти во материјално расправање за она што беше предочено во приговорите – се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека просечното време на решавање на ДИК по секој приговор е три секунди.
Од Левица велат дека очигледен е фактот оти членовите на ДИК не направиле ни елементарен обид за да можат да одлучуваат по наводите изнесени во поднесените приговори.
– Не е направен, ниту дозволен никаков увид во изборниот материјал од критичните избирачки места, што е пречекорување на дискреционите овластвуања на ДИК и одбивање да постапат по службена должност, согласно нивните надлежности – истакнуваат од партијата.
Од таму очекуваат дека Управниот суд ќе ги усвои тужбите и ќе го поништи гласањето во оспорените гласачки места.