Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За обнова на Македонија, Благица Ласовска, денеска на состанокот на Верификациската собраниска комисија истакна дека мандатот на пратеници од комисијата е завршен, посочувајќи дека доколку се продолжи со работа еклатантно се крши Деловникот на Собранието на Република Македонија.
– Сакам да укажам дека нашата работа и нашиот мандат е замрен. Како Верификациска комисија ние постоиме исклучиво само за време на конститутивната седница согласно член 12 од Деловникот на Собранието. Нашиот мандат е завршен и со тоа нашите надлежности се исцрпени и ние како ВМРО-ДПМНЕ не сакаме повеќе од учествуваме во работата на ова комисија и еве препорачувам до вас сите да престанеме да работиме бидејќи ако продолжиме со работа еклатантно го кршиме Деловникот – посочи Ласовска.
Според неа, потребно е да се работи исклучиво според Деловникот на Собранието, а не според, како што рече таа, погрешните парламентарни пракси, потенцирајќи дека нема повеќе да учествува во работата на комисијата.