Не се доставени никакви докази за мешање на Русија во прашањето „за промена на името на Македонија“, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на 55-та Минхенска конференција за безбедност.
– Бевме обвинети дека се мешаме во проблемот со промената на името на Македонија, но не ни доставија никакви докази – нагласи Лавров.
Шефот на руската дипломатија истакна дека односите меѓу Русија и Западот ги имале сите шанси за успех, „но изборот бил направен во корист на натоцентризмот“.