Со цел да го провери јавното мислење на кандидатите за градоначалник на Битола, општинската организација на СДСМ организраше телефонска анкета со гласање преку телефон. Резултатите од анкетата го збунија раководството на партијата, кое денеска реагираше со соопштение.
– ОО на СДСМ Битола ја известува јавноста дека сите наводни резултати од вчерашната внатрепартиска анкета за кандидат за кандидат за градоначалник, објавени на социјални медиуми се класична лажна вест. Веродостојните резултати од анкетата се само за интерна употреба на СДСМ и ќе бидат предмет на разгледување на највисоките партиски тела. ОО СДСМ Битола, а со тоа и СДСМ, нема да дозволи подземни игри чија цел е да внесе конфузија меѓу граѓаните и партиските членови. Демократскиот капацитет на СДСМ и овојпат ќе биде посилен од интереси кои не и мислат добро на партијата и државата се вели во партиската реакција на СДСМ – се наведува во соопштението.
Инаку, во Битола од СДСМ официјално се номинирани тројца кандидати. Тие се актуелната градоначалнилчка Наташа Петровска, директорот на ЈКП „Водовод“ Горанм Козаров и советникот во Советот, Зоран Стојчевски.
Иако официјално не се номинари од партијата, во игра се уште неколку кандидати кои самите се пријавија директно во Централата на партијата, а кои се од бизнис-секторот. М.М.