Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас по изгласаните уставни измени разговарал со македонскиот премиер и шефот на македонската дипломатија, а преку неговиот официјален Твитер профил ѝ порача добредојде на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.
I spoke to Zoran and to Nikola.We recalled the difficulties,the tiredness,the tensions,the mutual trust and the hopes we had while working on the Agreement.We dreamt of the common future of our 2 peoples.North Macedonia welcome to our lives.History should be a school not a prison
— Nikos Kotzias (@NikosKotzias) January 11, 2019
-Зборував со Зоран и со Никола. Се потсетивме на тешкотиите, на заморот, на тензиите, на довербата и надежите што ги поминавме работејќи на договорот. Сонувавме заедничката иднина за двата народа. Северна Македонија , добредојде во нашиот живот. Историјата треба да биде училиште, а не затвор, напиша на Твитер, поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.