Разликите со Скопје можат да се решат со смелост, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју за германскиот весник „Шпигел“.
– Разликите со Скопје се проблеми со историски карактер, со идентитет, со наследство и култура. Овие прашања се чувствителни. Но, можат да се решат со смелост, како што правиме сега – вели шефот на грчката дипломатија во интервјуто за германскиот весник.
Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас треба да се сретнат на 12 април во Охрид, во обид да се постигне договор околу проблемот со името.