Полноправно членство на земјата во ЕУ, нема друга алтернатива – е пораката која ја пренесе потпретседателката на Сенатот на Франција, Елен Конве-Муре, во Скопје на средбата со пратениците од најголемите парламентарни групи. Конве-Муре денеска и утре престојува во официјална посета на Македонија.
Таа истакна дека ситуацијата на Македонија е посебна бидејќи нејзината историја и култирното наследство се стари, но сепак државата е една од најмладите во светот. Според неа, предноста што ја има Македонија е тоа што може да биде дел од таа историја без да ги повтори грешките на другите.
Потпретседателката на францускиот Сенат додаде дека можеби слабост на земјава е што, како што кажа таа, не е доволно позната и поради тоа е подложна на клишеа.
Конве-Муре е прва француска официјална претставничка што доаѓа во земјава по француското вето.