Ќе кажеме дека не е време да се закаже прва меѓувладина конференција, изјавил бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов за телевизија „Европа“, нагласувајќи дека „зборува во име на бугарската влада“, пренесува „Дојче веле“.
Тој додал дека Бугарија уште во октомври минатата година јасно ставила до знаење дека ќе се спротивстави на закажувањето на првата меѓувладина конференција, ако не се почитува Договорот за добрососедство.
– Бугарија треба да се спротивстави на првата меѓувладина конференција, ако се придржува кон националните и европските интереси – категоричен е Каракачанов.
Според Каракачанов, бугарските власти ја усволиле „рамковната позиција“ минатиот октомври како резултат на непочитувањето на билатералниот договор од страна на Македонија.
– Бугарија нема да се спротивстави, но ќе каже дека не е време да се закаже датум за одржување на првата меѓувладина конференција. Во моментов зборувам во име на владата – потенцирал Каракачанов.