Прва и главна задача на новата бугарска влада ќе бидат последиците од поплавите, а втора ќе биде вакцинацијата на бугарските граѓани, соопшти новиот бугарски премиер Кирил Петков на првиот состанок на новиот состав на Советот на министри на Бугарија.
На претходна денешна средба со бизнис-лидерите и граѓанскиот сектор, Петков ги повика бизнисите да помогнат во воведувањето зелен сертификат за постигнување повисока стапка на вакцинација.
Петков во првото интервју по изборот на функцијата истакна дека новата влада ја зачувува, но и надградува позицијата во однос на бугарските барања кон Македонија, што е предвидено со воспоставување заеднички работни групи што ќе се среќаат најмалку еднаш месечно. Тој додаде и дека во најкус рок ќе воспостави комуникација со Македонија.