Министерка за одбрана на Република Италија Елизабета Трента денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија, во рамки на која ќе се сретне со нејзиниот домаќин министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Како што соопшти македонското Министерство за одбрана, предвидено е министерките Трента и Шекеринска да имаат тет-а-тет средба, по што ќе следуваат разговори на двете делегации и изјавите за медиумите.