Претседателот на грчкиот дел од македонско-грчката историска комисија, Спиридон Сфета, оценува дека „за грчката страна е важно да се прифати дека границите создадени со Букурешкиот договор (1913) и Париската мировна конференција (1919) се конечни и дека нема правна основа за иредентизам. Тие, исто така, прифатија да го заменат терминот ’Егејска Македонија’ со – грчката провинција Македонија“
Тенденциите за ревизионизам од страна на државните функционери од соседството се спуштија на оперативно ниво
Обидот за постигнување политички компромис за историски прашања, во 21 век, со заобиколување на сите научни параметри, е сосема регресивна постапка и поради тоа ќе има дискутабилен исход. Таквиот начин на наметнување друга историска диоптрија оди во прилог на старата поговорка дека посилните држави односно победниците ја пишуваат историјата. Дури и кога историскиот компромис се спроведува навидум на демократски рамноправна основа, со експертски комисии од двете договорени страни, сепак не може да се одбегне притисокот на политиката, особено затоа што тие се формирани како резултат на политички билатерален договор.
Тоа се покажува во речиси едногодишното искуство на функционирање на експертските историско-образовни комисии, формирани како резултат на билатералните договори за добрососедство и соработка што Македонија ги потпиша со Бугарија и со Грција. Речиси секој состанок на експертските комисии за ревизија и корекција на историските учебници во образовниот систем ја шокира одново и одново и така сензибилизираната македонската јавност со решенијата што се нудат како компромис, наводно за поддршка од соседите на евроатлантската интеграција на земјава. Она што е симптоматично е што детали од работата и заклучоците на комисиите обично доаѓаат од спротивната страна, додека македонските членови на комисиите обично даваат формални бирократски соопштенија, или потоа демантираат или ги потврдуваат изјавите на своите колеги (и политичарите) од соседскиот дел на комисијата.
Неодамна во грчкиот медиум „Етнос“, претседателот на грчкиот дел од комисијата за историски и образовни прашања, која е дел од одредбите на Преспанскиот договор, Спиридон Сфета, откри дел од заклучоците на македонско-грчката експертска комисија. Оваа комисија досега одржала три средби, а професорот по модерна и современа балканска историја на универзитетот „Аристотел“ во Солун, Спиридон Сфета оценува дека иако нивната работа е цел за нaпад од страна на грчката јавност, сепак дала солидни резултати во бopбата со историчарите на соседната земја (Македонија) со цврсти аргументи и маратонски средби. Сфета во интервјуто истакнува дека е постигнат договор за важни прашања во врска со Грција.
– По дводневна битка, во Скопје беше прифатенo дека Словените немаат никаква врска со Античките Македонци и дека древната македонска историја и култура биле дел од античката грчка цивилизација што влијаела врз светската култура; кој ја претставува античката македонска особеност, наспроти хеленизмот, paзликите се наоѓаат во политичките структури (стабилна монархија во Македонија). Бидејќи договорот предвидува каква било промена да се базира на дoкaзи, комисијата ги собра сите релевантни документи од древните писатели (Херодот, Тукидид, Исократис, Полибиос, па дури и Филистејците од Демостен, толкувани во релевантниот политички контекст на времето) и го достави со аналитички набљудувања на англиски или француски превод. Грчката комисија не гледа предлог од другата страна дека дел од денешна C. Македонија е наследник на историската Македонија од антиката – открива претседателот на грчкиот дел од македонско-грчката историско-образовна комисија.
По „добиената битка“ од грчка страна за Античките Македонци, според гледиштето на професорот Сфета, се разговарало за употребата на терминот Македонија во римскиот и византискиот период.
– За византискиот период тие прифатија дека Словените не го зеле името Македонци од Античките Македонци, дека термините Македонци и Словени не биле идентификувани во средниот век. Комисијата ги објави релевантните пасуси од чудата на свети Димитриј, нивните набљудувања беа многу општи, на пример Словените не беа нoмади, туку земјоделци, кои грчката страна не ги oтфpли веднаш – истакнува грчкиот професор во интервјуто за „Етнос“.
Исто така, на состаноците биле разгледувани и средновековниот и османлискиот период, но професорот од солунскиот универзитет смета дека „за грчката страна е важно да се прифати дека границите создадени со Букурешкиот договор (1913) и Париската мировна конференција (1919) се конечни и дека нема правна основа за иредентизам. Тие, исто така, прифатија да го заменат терминот ’Егејска Македонија’ со – грчката провинција Македонија“.
На овие наводи во „Етнос“ на претседателот на грчкиот дел од експертската македонско-грчка комисија нема јавна реакција од македонска страна. Професорот Људмил Спасов, член на оваа комисија од македонска страна, неофицијално изјави дека се запознаени со интервјуто на грчкиот колега, но дека во македонската верзија има голем број непрецизности, кои произлегуваат веројатно од грубиот интернетски превод. Сепак, за официјален став упати на претседателот на македонскиот дел од комисијата, амбасадорот Виктор Габер, кој беше недостапен во странство.
Скандалозна изјава на бугарски новинар
Бугарскиот новинар Љубомир Огњанов даде скандалозна изјава во својата емисија на бугарската телевизија Канал 3, кога среде интервју со заменик-министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, рече дека претпочита Македонија да ја нарекува „Југозападна Бугарија“.
Оваа изјава на новинарот следуваше откако прво премиерот Зоран Заев го нарече „северномакедонскиот премиер“. Георгиев на тоа рече дека може да добие критики поради употребата на придавката „северномакедонски“.
– Не ме интересира како ќе звучи, јас претпочитам да ја нарекувам земјата „Југозападна Бугарија“ – возврати новинарот, кој голем дел од 17-минутното интервју го посвети на прашања за Македонија.
Тој исто така во разговорот истакнал дека Македонија нема „којзнае каква историја“ и дека македонската историја е 70-годишна.
Прашањата се однесуваа на протестната нота и барањето за извинување што премиерот Зоран Заев ги испрати до бугарскиот премиер Бојко Борисов, откако го нарече претседателот Стево Пендаровски „северономакедонски претседател“.
Борисов не се извини за грешката, а заменик-министерот за надворешни на Бугарија вели дека се работи за ситна работа и дека Бугарија досега направила многу за Македонија.