Излезеноста до 15 часот изнесува 32,21 отсто, според податоците на интернет-страницата на Државната изборна комисија на (ДИК).
Досега правото на глас го искористиле вкупно 323.006 лица, покажуваат обработените податоци од 1.927 гласачки места од вкупно 3.480.
Најголема излезеност од 55,28 отсто е забележана во Демир Хисар, а најмала во Шуто Оризари од 18,85 отсто.