Собранието ги донесе и другите два закони предвидени за денешната седница. Законот за Совет на јавни обвинители беше донесен со 74 гласа „за“, а за него беа потребни 60 гласа.
Законот за одбрана беше донесен со 80 гласа за и ниту еден против.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не беа во салата, претходно на прес конференција, координаторот Мицевски најави дека ќе влезат во салата само за распуштање на Собранието.
Претходно беше изгласан и законот за јавно обвинителство.