Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го повикува премиерот Зоран Заев веднаш да покрене постапка за импичмент, најгалсувајќи дека неговиот став во однос на договорот за името е конечен и останува непроменет.
– Го повикувам Заев со истото двотретинско мнозинство кое е неопходно за менување на Уставот на Република Македонија, веднаш да покрене постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката, односно импичмент – вели во пишаната изјава до медиумите претседателот Иванов во врска со вчерашната изјава на премиерот во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.
Иванов во пишаната изјава реагира на, како што е наведено „сите изнесени невистини и закани од страна на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.
– Мојот став во однос на штетниот договор за името е конечен и останува непроменет и покрај сите искажани закани и притисоци – посочува претседателот Иванов.