Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, вчера истапи со остра критика кон Јавното обвинителство, за кое вели дека сѐ уште работи под притисок и по нарачки.
– За некои предмети сѐ уште нема одговори, а за некои предмети пак добивме многу брзи одговори. Тоа ме упатува на заклучокот дека има различни нарачки. Мислам дека треба уште многу да се работи, секој на себе прво па потоа да се зајакнуваат механизмите за контролно однесување. Ние најавивме од наша страна дека за наредната година прво правосудниот систем ќе биде ставен во годишниот план за проверка и следење на имотната состојба, ќе си дадеме свој придонес од наш аспект, во согласност со нашиот закон – изјави вчера Ивановска.