На свечена церемонија утре ќе биде поставено знамето на НАТО пред Владата на Република Македонија, која наскоро ќе го носи името Република Северна Македонија, најави владината прес служба.
Како што најавија од Владата, во склоп на настанот, свое обраќање ќе има премиерот Зоран Заев.
Претходно утринава од Владата беше отстранет натписот „Влада на Република Македонија“.