Зијадин Села бил хоспитализиран во Клиниката за кардиологија поради болки во градите, соопшти портпаролот на Алијанса за Албанците, Флакрон Беџети.
Состојбата на Села е стабилна, откако му биле напревени детални прегледи. Тој прво бил примен во болницата во Охрид, а потоа префрлен во Скопје.
– Во текот на вчерашниот ден, претседателот на нашата партија, г-дин Зиадин Села, имаше болки во градите што беа причина да биде примен во Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје. По прегледите, се востановило дека е во добра здравствена состојба и во стабилна состојба. Претседателот Села ќе се врати дома во текот на денешниот ден или утре и ќе продолжи со редовните секојдневни активности – напиша Беџети на Фејсбук.