Кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери, ги посети младите семејства со кои разговараше за проблемите со кои се соочуваат.
– Нашите заложби во овој поглед се многу сериозни. Ние мора да ги насочиме нашите идеи во однос на плановите за поддршка на младите луѓе, во насока на поддршка на младите парови до 35-годишна возраст, кои имаат посериозни потреби и предизвици; поточно, мора да ја насочиме нашата поддршка кон паровите што сè уште не си го решиле станбениот проблем – да им се понуди помош во вид на кредит, без камата, до 20.000 евра – истакна Зибери за време на разговорот со еден млад пар.
Меѓу другото, Зибери додаде дека во неговите планови е дополнително да ја развие и мрежата за предучилишно образование за градинките за деца затоа што, како што рече, констатиран е недостиг во овој сегмент.
– Секој не може да го испрати своето дете во системот на предучилишно образование, особено во градинките – додаде Зибери.