УТРЕ ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ АНАЛИЗА НА АКАДЕМИК ЉУПЧО КОЦАРЕВ
Претседателот на МАНУ во својата анализа посочува дека сервилноста кај македонските политичари, нивната желба за владеење, дополнета со незнаењето, ароганцијата, алчноста и неспособноста, може да доведе до распаѓање на Македонија.
Нема потреба од сервилност и кон внатре (коалициските партнери) и кон надвор. Нема потреба заради мислењето дека „има момент на итност за почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ“, да заборавите кои сме. Сервилноста одбива. Покажете дека не сте сервилни и ќе имате повеќе шанси за ЕУ, порачува Коцарев