Недопустливо е тоа што во Македонија во 21-от век не се признава правото на самоопределување, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захериева за БНТ.
– Над 100 илјади граѓани имаат и бугарско државјанство и понекогаш се заплашувани. Недопустливо е во 21 век да не се признаваат права на самоопределување – рече Захариева.
Таа побара правда за Бугарите во Македонија, нагласувајќи дека Бугарија има доследна политика.
– Некои луѓе таму беа многу изненадени што кажавме не за преговарачка рамка. Позицијата на Бугарија е иста од 2019 година. Сметаме дека има забавено исполнување или недостиг на исполнување на задачите на Договорот за добрососедство од македонската страна. Откако станаа членка на НАТО почна недоследното исполнување – рече Захариева.