Одлуката за поднесување оставка од функцијата во Владата е лична на Драги Рашковски, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски, на денешната прес-конференција.
Тој додаде дека оставката била доставена до премиерот Зоран и Заев и дека тој ја прифатил.
Рашковски утрово на својот Фејсбук објави дека се повлекува од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Влада.