Претседателот на Владата Зоран Заев, денеска во Собранието одговараше на пратенички прашања.
Премиерот Заев рече дека очекува, сериозните одлуки што ќе бидат донесени, да дадат сериозни економски резултати, што освен во бројки, ќе ги почувствуваат директно граѓаните.
-До кога ќе раководам со Министерството за финансии – најдоцна до формирањето техничка Влада, 100 дена пред изборите, кога ќе одлучиме да одиме на избори- рече премиерот Заев, објаснувајќи дека нема намера да остане во Министерството за финансии во таквата техничка Влада, што е законска обврска.
Претседателот на Владата, Заев, рече дека пред државата е неповторлив, драгоцен период.
– Ќе го искористиме до максимум за благодет на граѓаните. Да ја држиме мотивацијата на граѓаните за НАТО и за ЕУ и преку раст и развој на економијата.
Може да се донесат сериозни одлуки со импакт врз граѓаните, рече премиерот Заев.