Ќе го спроведеме Преспанскиот договор до крај, а тоа го очекуваме и од грчката страна, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања во Владата.
Тој го опиша договорот како имотен лист, кој ја гарантира нашата теритријална сувереност и интегритет.
-Дефинитвно одиме со имплеметација на Договорот од Преспа. Во него се вградени поглавјата. Успешно ги завршуваме забелешките кои стигнаа од грчка страна, а и сами ги увидовме. Очекуваме и грчката страна да направи конкретни чекори, како промена на таблите – рече Заев.
Премиерот додаде дека промената на името се применува секаде, а опозицијата која не го користи новото име, со тоа испраќа порака дека не го почитува Уставот.
Заев на прес-конференцијата негираше дека до Владата стигнала покана за приклучување во Евроазиската Унија и рече дека Европската Унија е единствената опција.