Премиерот Зоран Заев денеска преку својата официјална фејсбук-страница ги повика пратениците да донесат правилна одлука и да кажат „да“ за можноста што е пред нив.
– Пратеници, да кажеме ДА на можноста пред нас. Историјата ги памети правилните одлуки, напиша Заев.
Во Собранието на Република Македонија изминатите денови се водеше дебата околу потребата за уставни измени што произлегуваат од Договорот во Преспа. Седницата на која Собранието треба да се изјасни за потребата за уставни измени треба да се одржи утре. Вчера, од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека нивните пратеници се откажуваат од дебата во Собранието.