Премиерот Зоран Заев верува дека постои решение за евроинтеграциите по бугарското вето, до кое би стигнале без конфликти и со заштита на нашите интереси.
На социјалните мрежи Заев напиша дека работите ќе ги придвижиме сигурни во македонскиот идентитет.
– Немаме друга алтернатива, освен европскиот пат. Владата постапува рационално, без конфликти да стигнеме до решение. Тоа е европскиот начин. Тоа е македонскиот начин. Сакам целиот наш народ да знае дека има можности и постојат шанси за успех, притоа заштитувајќи ги сите наши интереси. Сигурни во македонскиот идентитет, ќе ги придвижиме работиме – напиша Заев.