Актуелниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, се кандидира за уште еден мандат на чело на партијата. Тој вети нова програма, а изборите ќе се одржат на 21 март.
– Денеска ја доставив мојата кандидатура за претседател на СДСМ – Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Пред членовите на партијата излегувам сo програма: „Нова политика – СДСМ прв во промените“! Ја барам поддршката за нов мандат како претседател на првите директни внатрепартиски избори што ќе се одржат на 21 март – напиша тој на Фејсбук.
Заев најави досега најголема политичка акција за промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја.
– Доколку ја добијам довербата, со мојот нов мандат најавувам досега најголема политичка акција за промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја почнувајќи токму од СДСМ. Нова политика – пролетна офанзива за нов пресврт во политичкото дејствување на #СДСМ и Република Северна Македонија – напиша тој.