Македонскиот премиер Зоран Заев очекува функцонален парламент и влада во Бугарија за да се одблокира македонската евроинтергација, посакувајќи им среќа и успех на Бугарите на утрешните избори.
– Остана да се избере бугарскиот парламент и да се избере владата за да имаме надеж дека ќе се донесе одлука. Очекувам одлуката да биде донесена во декември, но секако да оставиме процесите да бидат успешни, за да може да се израдуваме со позитивна одлука – изјави Заев во Виница.