Очекувам мнозинството граѓани да гласаат за евро-атлантска иднина на Република Македонија на претстојниот референдум, рече премиерот Заев на денешната средба со холандскиот амбасадор Ваутер Пломп.
На средбата, како што се наведува во владиното соопштение, е констатирано дека е од голема важност секој граѓанин и политички субјект да ја има предвид и личната одговорност за историскиот момент што отвора економски и безбедносни перспективи за нашата држава и за граѓаните на Република Македонија.
Двајцата изразиле очекување Македонија во скоро време ќе стане 30-та земја членка на НАТО.