Премиерот Зоран Заев остварил средба со Мендух Тачи и со Билал Касами за локалните избори, а до крајот на оваа недела најави дека ќе се сретне и со Али Ахмети.
Коалициското поставување, како што рече Заев, е логично и најверојатно 50 отсто ќе биде настапот во првиот круг од изборите, додека 25 или 30 проценти ќе биде коалициски настап во вториот круг.
– Тоа што сме коалиција на централно ниво, убаво би било да биде преточено и на локално ниво. Логично е коалициски да се поставиме. Најголем дел ќе бидат коалициски настапи во првиот круг, 50 отсто, 25 или 30 проценти би биле во вториот круг и некаде по завршуавње на изборите ќе правиме повторно коалиција – изјави Заев.
Премиерот оцени по средбите дека генерално сите се реалисти во однос на коалициското позиционирање и потврдуваат меѓусебно помагање.