– Прво ја повикувам Јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот кој е направен дали е тоа така. Второ ќе тужиме затоа што тоа не е точно – кажа денеска во Прилеп премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како го коментира исказот на Орце Камчев даден со извештај во Обвинителството, а објавен во еден од порталите синоќа.
Тој истакна дека многупати отфрлал секаква поврзаност со случајот „Рекет“.
– И ден денес стојам на тие ставови. Сакам да биде објавено. Апсолутна обврска е на Обвинтелството да објави дали е тоа така. Јас како што видов има една страна од записник, а потоа се прераскажува, што претставува сериозна манипулација. Ги охрабрувам новинарите да истражуваат, да доловат се што е важно за јавноста, но не да прават манипулации, за што има одговорност. Лично јас, а верувам и Шеќеринска, Димитров, Ременски и сите што се спомнати таму ќе ги повикам да поднесеме заедно тужба за клевета и таму да се отворат документите и на јавноста да кажеме дека тој што го напишал лаже – рече Заев, додавајќи дека ако се докаже дека има вмешани и било кој од политичарите е виновен, ќе побара одговорност. Ка.М.