На зима, во зависност од развојот на пандемијата, Во Атина, на зима, ќе се одржи втората меѓувладина седница на Македонија и Грција, во зависност од развојот на пандемијата, најави премиерот Зоран Заев во интервју за МИА, за време на неговото учество на самитот на „Економист“ во Атина.
– Потпишување на договорот за избегнување на двојно оданочување, состанок на коморите меѓу двете земји во Скопје за трговските ознаки, соработка во низа области – економијата, енергетиката, инвестициите, се дел од следните чекори во македонско – грчките односи, кои вчера беа дискутирани и договорени – истакна Заев.