Можни се, достижни се и датум за ЕУ и покана за НАТО, изјави премиерот Зоран Заев, на форум „Една година влада – осврт на граѓанските организации кон досегашните постигнувања и идни очекувања“.
Тој додаде дека Република Македонија никогаш не била поблиску до изнаоѓање достоинствено решение на спорот со Република Грција кое истовремено ќе го зачува и зајакне нашиот идентитет.
Постои, истакна, можност за такво решение за кое последниот збор ќе го имаат граѓаните на Македонија, на референдум и изрази подготвеност за државата повторно да покаже лидерство за заедничко добро на сите граѓани, за напредок и за развој на држава, сочувувајки го дигнитетот, идентитетот и суверенитетот на нашите граѓани и нашата држава.