Премиерот на Република Македонија Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас се меѓу фаворитите за Нобеловата награда за мир.
Ова за грчката агенција АНА-МПА го изјави Виктор Нумелин, спрецијален уредник за Нобеловите награди на шведската новинска агенција ТТ.
– Тешко е да се каже кој е кандидат, а кој не е. Јавна тајна е дека имињата им се споменуваат за наградата. Секоја година се прават многу предлози и дискусии за наградата… Оваа година зборуваме многу за Корејскиот полуостров, за миграцијата, за ситуацијата меѓу Македонија и Грција и нивните меѓусебни преговори – изјави шведскиот новинар.
Тој нагласува дека многумина од членовите на Комисијата ќе сметаат дека „е идеално наградата за мир да биде дадена на премиерите на двете држави“.
– Би било идеално наградата за мир да им биде дадена на двајцата премиери од двете држави или на некој друг кој учествувал во преговорите – изјави Нумелин.
Тој, сепак, тврди дека нискиот одѕив на референдумот во Македонија ги прави работите потешки, иако ништо не е исклучено.