Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата „Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети и генералните секретари Љупчо Николовски и Артан Груби.
Средбата доаѓа после доделувањето на мандатот на Зоран Заев од страна на претседателот Пендаровски за составување предлог за Влада со четиригодишен мандат.
– На тричасовната конструктивна и продуктивна средба постигнати се основи за напредок кој води до коалиционен договор за нова, европска Влада посветена на европските интеграции, на економијата, еднаквоста и на владеењето на правото – информираат од двете партии.
Разговорите меѓу СДСМ и ДУИ ќе продолжат во текот на викендот на ниво на генерални секретари.