Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за заглавениот избор на државен ревизор, прстот го впери во претседателот на Комисијата за ибори и именувања, Илија Димовски кој според него ја кочи работата на оваа собраниска комисија.
– Две и пол години имаме трпение и чекаме претседателот на комисијата за ибори и именување, Илија Димовски, да го одблокира процесот за избор на нов државен ревизор. Ова не е чесно ниту коректно кон граѓаните на државата, оној кој што е на функција не треба да заборави дека треба да носи одлуки согласно законот. Токму поради тоа ние имаме една заробена институција, а загора на се му истече мандатот на заменик директорот на Државен завод за ревизија и ќе се соочиме со ситуација кога вработените таму нема да можат да земат плата – рече Заев.
На овој начин, додаде премиерот, се заглавени и дуги закони: за АВМУ, за советот на МРТ, за судскиот совет и други важни закони.
– Замолувам да се има доблест да работиме во интерес на граѓаните, без оглед дали сме политички противници или сме на иста страна – рече Заев.