Загрижувачки и вознемирувачки се сликите од Вашингтон синоќа, напиша премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.
– Насилството мора да биде осудено. Се надеваме и веруваме дека демократијата ќе надвладее – напиша премиерот на Твитер по синоќешните немири во и пред зградата на американскиот Конгрес.
– Тоа е единствениот начин да се продолжи напред – вели Заев во пораката.