За неколку дена ќе се знае дали постои амбиент за постигнување договор со опозицијата за двотретинско мнозинство кое е потребно за да се изгласаат уставните измени во Парламентот кои произлегуват до Договорт за името со Грција. Ова го истакна денеска премиерот Зоран Заев во изјава дадена по свечениот час на новозапиишаните студенти на ФИНКИ.
Заев истакна дека денеска е ден за сублимирање на сите анализи и планови и додаде дека од утре ќе почнат разговори.
Според него, постои капацитет за одржување предвремени избори кои се последна опција доколку не се постигне договор.
– Секако дека има капацитет за избори. Законот и Уставот ги предвидуваат следните чекори. Но, се надевам дека ќе успееме да се договориме. Процесите неможат да бидат замрзнати и да стојат на место, работите мора да се движат напред – рече премиерот.
Доколку не се постигне договор и се оди на предвремени избори, според него, изборите ќе се случат брзо. Постои можност тие да се организираат до крајот на ноември, временска одредница која ја спомена и вчера. Тој напомена оти во тој целиот тој процес мора да се мисли и на другите рокови, на пример на изборите за Европскиот парламент кои ќе се одржат во мај следната година, а на кој ќе учествува и Грција. Вели дека засега нема поддршка од конкретни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени и оти деновиве ќе се дознае преку разговори со опозицијата каков е амбиентот во таа насока.
Заев истакна дека во сегашната ситуација реално е сите да покажат политичка зрелост со оглед на тоа што никој не понуди алтернатива на НАТО и ЕУ, ниту пак подобар договор од овој што е постигнат со Грција.