Премиерот и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се очекува да ги достави до Собранието предлозите за испразнетите министерски места во Владата.
Тој синоќа по завршувањето на Централниот одбор на СДСМ потврди дека кандидатка за министерка за финансии ќе биде Нина Ангеловска, а нејзиното име ќе биде на листата на нови министри и заменици министри, која премиерот утре ќе ја достави до Собранието. На листата ќе биде и кандидатот за нов заменик министер за економија, Кирил Колемишевски, а за заменичка министерка за образование е назначена Елизабета Наумовска. Заев истакна дека Кире Наумов ќе биде нов директор на Развојната Банка на Македонија. Премиерот и СДСМ го предлагаат Неџат Мехмедовиќ за заменик министер за новото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.