Шансите за отстранување на бугарската блокада ќе се зголемат за 50 отсто по изборите во Бугарија и во Македонија, како што истакна премиерот Зоран Заев на отворањето на самитот за Западен Балкан на „Економист”, што денеска се одржува хибридно во Скопје.
– Лично верувам дека е можно решение до крајот на годинава – категоричен е премиерот.
Заев додаде дека продолжуваат разговорите помеѓу двете страни и оти постои решение, кое би било силна порака за охрабрување на целиот Западен Балкан.