Наши известувачи од Лондон,
Јасминка Павловска
Маја Јаневска-Илиева
Македонија ќе ја постигне стапката од два отсто од БДП за одбрана во 2024 година,
а можеби и порано. Во тоа верува премиерот Зоран Заев, како што истакна на конференцијата „НАТО се ангажира“.
– Во изминатите две и пол години двојно го зголемивме трошокот за одбрана, и од 0,8 отсто, сега сме на 1,4 отсто. Наша цел е да постигнеме два отсто во 2024 година, а можеби ќе ја постигнеме стапката и порано – изјави Заев, потсетувајќи оти Македонија сѐ уште не е полноправна членка, со што зголемувањето на буџетската стапка за одбрана започна пред две и пол години.
Запрашан дали е загрижен бидејќи Македонија се зачленува во Алијансата во момент кога одредени членки ја доведуваат во прашање нејзината иднина, Заев посочи дека станува збор за „политичка дебата“.
Македонискиот премиер го делеше панелот со полскиот претседател Анджеј Дуда.