Јункер, Могерини и Хан во заедничко соопштение го поздравија усвојувањето на Преспанскиот Договор во Грција.
Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, високата претставничка за надворешна политика, Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан “топло го поздравија“ новиот чекор во усвојувањето на Преспанскиот Договор, со кој земјата станува Северна Македонија.
-Од самиот почеток ЕУ силно го поддржа историскиот договор потпишан од Премиерите Ципрас и Заев под водство на ОН. Потребна беше политичка храброст, лидерство и одговорност од сите страни за да се надмине еден од најтешките спорови во регионот. Двете земји ја искористија оваа уникатна прилика која дава пример за помирување во цела Европа и ќе донесе дополнителен поттик за европската перспектива на регионот – се вели соопштението.
Хан, Могерини и Јункер истакнаа дека ги чекаат следните процедурални чекори во спроведувањето на договорот.
-Но веќе можеме да кажеме со сигурност дека денеска Атина и Скопје, заедно, испишаа нова страница во нашата заедничка ЕУ иднина – пишува во соопштението.