Попладневo Собранието го верификуваше мандатот на пратеничката Емилија Рамбабова од владејачката коалиција, која доаѓа на местото на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
Од присустните 63 пратеници, за верификација на мандатот гласаа 61 пратеник.
Со верификацијата на мандатот на Рамбабова, владејачкото мнозинство има 62 пратеници.
Денеска на седницата беше присутен и пратеникот Арбен Зибери, кој беше заболен од коронавирус, но последниот тест му бил негативен.
Собранието претходно денеска со 98 гласа „за“ ја усвои одлуката за изборот на составот на работните тела на Парламентот.