Европските социјалдемократи се првата европска политичка партија што се огласи по ратификацијата на Преспанскиот Договор во Грција.
Шефот на социјалдемократите во Европскиот Парламент, Удо Булман и посака “добредојде на Северна Македонија“.
-Денешниот успех е доказ дека прогресивните политички сили се способни да решаваат долгогодишни спорови и да прават тешки компромиси што конзервативците и националистите со години не можеа три децении.
Булман им честита лично на двајцата премиери за историскиот договор.
-Барам од земјите членки да докажат дека тие што прават тешки компромиси се наградуваат и да го поканат Скопје да започне преговори за членство со ЕУ во јуни 2019.