Новиот закон за работни односи којшто е во фаза на подготовка, обезбедува добра основа за соодветно регулирање на односите на современиот пазар на труд. Истовремено ги содржи и поголемиот дел од директивити на ЕУ и останатите релевантни стандарди на трудот. Ова е генералното мислење на експертката мисија „ТАИЕКС“, на којашто Министерството за труд и социјална политика беше домаќин во периодот од 22 до 26 јули годинава.
– Мисијата посебно ја истакнаа важноста на процесот на подготовка на законот кој се одвива на транспартентен начин, со вклученост на социјалните партнери, стопанските комори, граѓанските организации, претставници од судовите и академската заедница – соопшти МТСП.
Целта на експертската мисија, како инструмент на Европската комисија за техничка помош и размена на информации, беше обезбедување препораки за степенот на усогласеност на законот со правото на ЕУ. Мисијата беше спроведена под водство на експерти од Литванија, со активно учество на претставници на синдикати, претставници на работодавачи и стопанските комори.