Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, по посетата во Приштина, Косово, денес и утре ќе престојува во Тирана, Албанија, каде што ќе се сретне со државниот врв и лидерите на албанските политички парти, но и општествени дејци.
– Тема на разговор на состаноците ќе биде билатералната соработка, европската интеграција, пандемијата и процесот на попис во Република Северна Македонија – соопштија од кабинетот на Груби.
Од таму најавија дека Груби исто така ќе одржи посебни средби со претставниците на сите заедници во нашата земја во текот на неделата во врска со пописот на населението.