Еврокомесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеи денеска престојува во земјава и ќе има средби со државниот врв.
Како што е најавено, во неговата агенда прва е средбата со премиерот Зоран Заев и со членови на Владата. По билатералната средба и свечената седница на Владата, Заев и Вархеи ќе одржат прес-конференција.
Предвидено е еврокомесарот да се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери и да има обраќање пред пратениците во законодавниот дом.
Најавен е и работен ручек на Вархеи со претседателот на државата Стево Пендаровски.
За време на престојот во земјава, еврокомесарот ќе се сретне и со лидерот на ВМРО–ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Вархеи доаѓа во Скопје откако вчера беше објавен извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата на патот кон ЕУ, како и економскиот план за Западен Балкан. Тој порача дека целта на Европската комисија и на германското претседателство е првата меѓувладина конференција со Македонија да се одржи до крајот на годинава.