Пратеникот Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ го напушта Собранието. Тој на социјалните мрежи напиша дека негови приоритети се националните интереси, по што посочи дека боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Дурловски објасни дека тоа што го зборувал, не може да го направи.
Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети….
Posted by Igor Durlovski on Четврток, 22 октомври 2020
– Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотелја боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од Коалицијата „За обнова на Македонија“ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат. Тоа што го зборував не можам да го направам, но сега нема да зборувам а ќе продолжам да го правам! Останувам доследен на моите поддржувачи и нивниот глас – напиша Дурловски.
Инаку, Дурловски беше носител на листа во изборната единица пет од ВМРО-ДПМНЕ.